1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Врие во ФЗО: Се бара решение за платите или генерален штрајк

ДТЗ
30 април 2024

Тие одржаа предупредувачки протест пред Фондот за здравство, на кој порачаа дека доколку не им се исполнат барањата од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

https://p.dw.com/p/4fLzV
ФЗО
Вработените во ФЗО најавуваат генерален штрајкФотографија: Petr Stojanovski/DW

Пред 1 мај, вработените во Фондот за здравствено осигурување ги реактивираа најавите за генерален штрајк, доколку не се исполнат нивните барања за усогласување на платите со растот на минималната плата. Тие денеска (30.04) одржаа предупредувачки протест пред Фондот за здравство, на кој порачаа дека доколку не им се исполнат барањата, од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, вели дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено, ќе започнат со предупредувачки протести од еден до два часа секој ден во сите градови.

Се бара разрешување на Управниот одбор

Синдикатите се разочарани од односот на Управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите, според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите. Тие бараат Управниот Одбор да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати.

„Времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме плата“, вели Аџигогов.

Станува збор за усогласување од 2.392 денари по лице - законска обврска која, според синдикатите, мора да биде исполнета.

Тие бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат.

Вработените во ФЗО и пред неколку месеци изразија незадоволство и штрајкуваа со цел да не им се намалуваат платите, откако Владата препорача да се намалат платите за 21 отсто. Проценките беа дека со одлуката се засегнати над 830 вработени во ФЗО. Штрајкот беше ставен во мирување, откако по препорака на Владата платите требаше да останат исти до 31 мај.