1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрагата на ОЈО запна кај мобилниот телефон на Крпач

СН/ агенции
29 септември 2016

Еден ден по објавувањето на новата истрага на СЈО-„Трезор“, Основното Јавно Обвинителство презентира детали од истрагата за случајот со самоубиството на Коста Крпач, чија фирма е вмешана во новиот случај на СЈО.

https://p.dw.com/p/2QjiY
Staatsanwaltschaft in Skopje
Фотографија: DW/Katerina Blazevska

Јавното обвинителство Скопје на денешниот брифинг за новинарите соопшти дека истрагата за самоубиството на Коста Крпач, сопственик на фирмата „Финзи“ е завршена. Врз основа на материјални, вербални докази и многубројни вештачења Основното јавно обвинителство утврдило дека Крпач се самоубил на специфичен начин.

Сега скопското Обвинителство, како што соопшти, отворило предистражна постапка и истражува кој, зошто и како му се заканувал на Крпач. Но, во ОЈО се пожалија дека предистражната постапка ја кочело Специјалното јавно обвинителство кое не му го давало записникот од распитот на Крпач, во кој тој тврди дека добивал закани. Брифингот беше искористен да се упати апел до СЈО да им го предаде тој записник. Во него во Обвинителството очекуваат да ги најдат неопходните докази за тоа кој му се заканувал на Крпач, за да може да се продолжи истрагата. Барањето за предавање на записникот било доставено до тимот на  Катица Јанева во мај годинава, а единствено нешто што досега било добиено од СЈО биле информациите дека Крпач имал закани, соопштија од ОЈО. 

Mazedonien Sonderstaatsanwaltschaft - Katica Janeva & Lence Ristoska
Фотографија: MIA

Во изминатите месеци, од Јавното обвинителство не успеале да добијат повеќе информации ни од мобилниот телефон на Коста Крпач, затоа што не успеале да ја пробијат неговата лозинка. Брифингот беше искористен и за презентирање на повеќе детали од завршената истрага за самоубиството на Крпач Крпач,  на 27 мај годинава.  ОЈО ги повика новинарите на овој брифинг по вчерашната прес-конференција на СЈО на која соопшти дека отворило нова истрага за случајот „Трезор“, а во оваа истрага е вмешана и фирмата чиј сопственик порано беше Крпач, „Финзи“.

Со новата истрага на СЈО осомничени за злоупотреба на службена положба се три лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од Министерството за внатрешни работи, кои преку правното лице „Финзи ДООЕЛ“, од Велика Британија нарачува електронска и комуникациска опрема, со цена повисока за околу 862.000 евра.

За оваа сума, преку повеќе договори и анекси на договори е оштетен Буџетот на Република Македонија, а со цел лично богатење и прибавување имотна