1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФилмГрција

Берлинска премиера на грчката квир комедија „Лето со Кармен“

Пандели Пани
10 април 2024

На средината од февруари грчкиот парламент го донесе законот со кој се дозволија истополови бракови. Неколку недели потоа, во Берлин премиера имаше грчката квир комедија „Лето со Кармен“, во режија на Захаријас Мавроидис. ДВ за филмот и легализацијата на истополовите бракови разговараше со Јоргос Цијантулас, кој ја игра главната улога во филмот.

https://p.dw.com/p/4edFJ

„Многу сум среќен што сум дел од проектот, зашто се работи за тоа да претстави квир приказна во нејзината суштина, а не стереотипно“, изјави во Берлин по премиерата на филмот „Лето со Кармен“, актерот Јоргос Цијантулас.

„Лето со Кармен“ е грчка комедија за двајца геј пријатели кои се обидуваат да напишат филмско сценарио. Филмот ја имаше својата германска премиера на Фестивалот на грчки филм во Берлин кон крајот на март.
  
Истополовите бракови станаа легални во Грција на 16 февруари 2024 година и покрај жестокото противење на православната црква.