1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Игра со карти за жените кои го менуваат општеството

Емилија Петреска | Арбнора Мемети
8 март 2024

Истакнати жени на игра со карти? Во играта „Силни жени“ (Fierce Women) наместо со кралеви и кралици, се игра со ликовите на жени кои низ историјата се бореле и придонеле за родова рамноправност. Ние свртевме партија со Тамара Забазноска, уметница и архитектка, која е една од илустраторите на карти со жени борци од Македонија.

https://p.dw.com/p/4dIJx

„Fierce Women“ (Силни жени) низ игра го отвора прашањето за родова рамноправност. На играта работеа уметници од цела Европа, меѓу нив и уметницата Тамара Забазноска од Скопје. Таа ги отслика архитектките Мимоза Несторова Томиќ и Искра Грабул:

„Ги одбрав Искра Грабул и Мимоза Несторова Томиќ бидејќи мојот личен пат е тесно поврзан со она што тие го имаат направено. Односно, мене ме имаат инспирирано. Нивниот начин на размислување, на дејствување во рамки на просторот, не само архитектонско обликувано, и уметнички, ме има лично фасцинирано. Нејзиниот [н.з. на Несторова Томиќ] начин на работа е неверојатното почитување на теренот каде требало, нели, нешто да се конструира... Искра Грабул е значајна пред сѐ, и мене лично ми има оставено впечаток, поради Македониумот. Пред сѐ поради храброста и истрајноста бидејќи имало доста големи конфликти за тоа како требало да изгледа тој Македониум“, вели Забазноска.

Игра со карти „Силни жени“
Игра со карти „Силни жени“Фотографија: Emilija Petreska & Arbnora Memeti/DW


На картите се претставени и жени од Хрватска, Словенија и Ирска. Играта е создадена како дел од проектот „Жени за жени“(Women on Women), спроведен од страна на невладини организации од Македонија и регионот.

Повеќе во видеото!

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема