1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската полиција се соблекува

Јулијан Клауди
5 април 2024

Полицијата во Баварија ги соблече панталоните во знак на протест поради долгото чекање униформи.

https://p.dw.com/p/4eSaB

Полицијата во Баварија ги соблече панталоните во знак на протест. Дрската видео кампања има за цел да привлече внимание на долгото чекање униформи кои ги нема во залиха. Полицискиот синдикат соопшти дека со месеци се чека за 21 различни производи, како капи, јакни и панталони - ако воопшто можат да се набават.

Синдикатот бара од државата итно да го реши проблемот, дури и ако тоа значи поголеми трошоци.

Државата вели дека проблемот со набавката е предизвикан од проблеми во ланците за достава.