1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Казна од 4.000 евра за истакнување на рускиот симбол „Z“

БГ /АФП
26 октомври 2022

Суд во Хамбург му одреди казна од 4.000 евра на маж кој го поставил симболот „Z" на задното стакло од автомобилот. Симболот се користи во руската пропаганда како знак на поддршка на руската инвазија во Украина

https://p.dw.com/p/4IhXP
Русија Војна Украина Белград
Буквата „Z“ стана симбол за руската агресија за врз УкраинаФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Маж на возраст од 62 години од Хамбург е казнет со 4.000 евра поради користење на рускиот пропаганден симбол „Z“. Според обвинителството, околу еден месец по почетокот на руската инвазија врз Украина, мажот закачил бел лист со знакот „Z“ на задното стакло од својот автомобил и така возел низ Хамбург. Обвинителството смета дека на овој начин човекот изразил поддршка за агресивната војна на Русија во Украина. 

На сторителот, судот му изрече 80-дневна глоба од по 50 евра. Првичната казна беше само 60 дена, но откако обвинетиот инсистираше на јавно судење и поднесе жалба, казната беше зголемена. Сепак, казната сè уште не е конечна, бидејќи тој има право на жалба. 

Кое е значењето на симболот „Z“? 

На почетокот на руската инвазија врз Украина, симболот „Z“ беше забележан на руските тенкови и воени возила. Во Русија, тоа беше брзо усвоено како пропаганден симбол за поддршка на војната. Во земјата често може да се види на билборди, па дури и како отпечатен симбол на облеката.

Во Германија, употребата на овој симбол во контекст на изразување поддршка за војната е казниво.  Основа за тоа е кривичниот законик кој забранува ширење на изрази на симпатии за кривични дела, доколку тоа се прави на начин кој го нарушува јавниот ред и мир. 

„Го барам убиецот на моето семејство“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема