1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаБангладеш

Жетва на водни лилјани

9 јуни 2023

Чудесен мир и прекрасни бои на водните лилјани во Бангладеш - цветовите се собираат само во одреден период од годината.

https://p.dw.com/p/4SMUJ
Водни лилјани во Бангладеш
Водни лилјани во БангладешФотографија: IMAGO/ZUMA Wire

Селаните во Бангладеш ги собираат прекрасните водни лилјани во раните утрински часови. Жетвата во Сатла Унион, во Баришал, завршува најдоцна до 8 часот, зашто потоа станува претопло.

Селаните секој цвет го собираат рачно за да не го оштетат. За да се заштитат од огромните горештини, собирачите се покриени со рачно изработени прекривки за главата и телото. Водните лилјани, кои цутат само во одреден период, по сезонските поплави, потоа се продаваат на локалниот пазар.