1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Спас од небо за луѓето во Газа

СН/дв
11 март 2024

Војната во Појасот Газа влегува во петтиот месец со мали изгледи дека израелската воена операција ќе престане и оти ќе заврши страдањето на цивилното население во палестинската енклава.

https://p.dw.com/p/4dNFW
BdTD | Gazastreifen | Abwurf von Hilfslieferungen
Фотографија: Leo Correa/AP/picture alliance

Хуманитарната ситуација во палестинското крајбрежје станува сѐ подраматична. Поради тоа, неколку земји со денови по воздушен пат доставуваат хуманитарна помош за настраданото цивилно население во Појасот Газа . Бидејќи, недостасуваат најпотребните работи. Претставниците на Обединетите нации неодамна предупредија во Советот за безбедност дека на илјадници цивили во Појасот Газа им се заканува глад.

 

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?