1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
УметностИталија

Скулптура со испружен прст на плоштад во Милано

8 јуни 2023

Скулптурата со испружен прст се наоѓа пред зградата на берзата во Милано и има посебна порака.

https://p.dw.com/p/4SKHj
Скулптурата „L.O.V.E“ во Милано
Скулптурата „L.O.V.E“ во МиланоФотографија: Maurizio Cattelan/Gabriel Bouys/AFP

Скулптурата со име L.O.V.E, што е акроним од „libertà, odio, vendetta, eternità“ (слобода, омраза, одмазда, вечност) е дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателан. Поставена е на плоштадот Афари во Милано, пред зградата на италијанската берза, која инаку е впечатлив објект од архитектурата во периодот на фашизмот во Италија. Кателан ја опишува скулптурата како антифашистичка изјава. Тој го трансформирал фашистичкиот поздрав во Италија од 1930-тите со отсекување на прстите и осакатување на раката. Уметникот вели дека го критикува тоталитаризмот што ја опустошил Европа во минатиот век. Тој исто така ја коментира и финансиската криза и неговото дело служи како секојдневен потсетник за трговците на миланската берза на кризата.

Скулптурата, во Италија позната и како „Прстот“, беше приватно финансирана и привремено поставена на плоштадот во времето на градоначалничката на Милано, Летиција Морати. По нејзината инсталација на Пјаца Афари, градот и новиот градоначалник, Џулијано Писапија, одлучија да ја задржат скулптурата како постојана поставка најмалку во следните четириесет години.