1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиБразил

Одрони и катастрофални поплави во Бразил

4 мај 2024

Јужен Бразил ги доживува најлошите поплави во последните 80 години. Досегашниот биланс на катастрофата изнесува околу четириесет загинати.

https://p.dw.com/p/4fV0Z
Поплави во Бразил
Поплави во БразилФотографија: Diego Vara/REUTERS

Бразил со денови се бори со обилни дождови и поплави во кои досега загинаа четириесетина лица, а многу други се водат како исчезнати.

Силниот дожд доведе до поплави и лизгање на земјиштето во државата Рио Гранде до Сул. Во услови на постојан дожд, итните служби користат чамци и авиони во потрагата по исчезнати луѓе.

Зголемувањето на нивото на водата во Рио Гранде до Сул ги оптоварува браните, а гувернерот Едуардо Леите предупреди на невидена катастрофа во градот Порто Алегре, кој има 1,5 милиони жители. „Заборавете на се што сте виделе досега, ќе биде многу полошо во градското подрачје“, изјави тој.