1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаХоландија

Месо од мамут

29 март 2023

Ова огромно ќофте е направено од месо добиено со помош на ДНК од мамут. Претставено е во научниот музеј НЕМО во Амстердам.

https://p.dw.com/p/4PPus
Ќофте од мамутско месо во музеј во Амстердам, Холандија
Ќофте од мамутско месо во музеј во АмстердамФотографија: Piroschka van de Wouw/REUTERS

Мамутите се изумрени веќе 400 години, но австралиска фирма произведе ќофтиња од нивно месо. Дали е ова почеток на нова ера на хранење – без штали, кланици и наштетување на околината?

Во вторникот вечерта во Музејот за наука НЕМО во Амстердам беа презентирани првите ќофтиња од мамутски протеини, производ на австралискиот стартап Воу, кој со години работи на развој на култивирано месо и планира да ја револуционира исхраната на луѓето.

На оваа технологија работат преку сто фирми, а во овој сектор во 2021 година се влеале 1,4 милијарди долари инвестиции.