1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаФранција

Без лифт на Ајфеловата кула

СН/дв
12 април 2024

Постојат многу начини да го видите Париз одозгора. Овој е секако еден од најспектакуларните.

https://p.dw.com/p/4eg2H
BdTD Frankreich | Kletterin am Eiffelturm in Paris
Фотографија: Laurent Cipriani/AP Photo/picture alliance

Жена, јаже, знаменитост! Има 674 скали до вториот кат на Ајфеловата кула, 115 метри над покривите на Париз. Повеќето посетители користат лифт. Анук Гарние го помина најкраткиот пат: вертикално нагоре, на слободно висечко јаже. Само 18 минути ѝ беа потребни за искачувањето на најпопуларното обележје на француската метропола. Рекорд! „Сонот ми се оствари“, вели 34-годишната спортистка.