1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Фашист" за покраински премиер во Германија?

Ханс Фајфер
16 јануари 2024

АфД годинава сака за првпат во една германска покраина да има премиер од нејзините редови. Тоа би можело да ѝ успее во Тирингија со Бјерн Хеке. Експерти стравуваат од масивни последици по демократијата.

https://p.dw.com/p/4bI5M
Бјерн Хоке, шефот на пратеничката група на десничарско-екстремистичка АфД во парламентот на покраината Тирингија, сака да стане покраински премиер
Бјерн Хоке, шефот на пратеничката група на десничарско-екстремистичка АфД во парламентот на покраината Тирингија, сака да стане покраински премиерФотографија: imago images

Со оглед на неодамна објавеното истражување на медиумот „Коректив” за политичари од АфД и десноекстремни лица и нивните тајни планови за протерување на мигранти од Германија, сѐ повеќе аналитичари, преживеани од Холокаустот и истражувачи на екстремизам предупредуваат од последиците на подемот на партијата Алтернатива за Германија- АфД. Претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повика на будност. Дебатите за забрана на АфД со оглед на радикализацијата, исто така доби нова динамика. АфД пак по години во опозиција посега по политичка власт. Годинава партијата би можела да постигне за неа важни политички успеси затоа што покрај изборите за Европскиот парламент, претстојат и бројни покраински и локални избори. Анкетите покажуваат дека делумно десно-екстремната АфД актуелно е водечка сила пред сѐ на истокот на републиката, а во малата покраина Тирингија планира дури и покраинскиот премиер да биде од нејзините редови и тоа еден особено радикален претставник - Бјерн Хеке. Тој е претседател на пратеничката група на АфД во тамошниот парламент. Поранешниот гимназиски професор во минатото маршираше и на неонацистички собири, а дури и самото партиско раководство пред неколку години беше убедено дека под псевдонимот „Ландолф Ладиг” објавувал текстови кои покажуваат „прекумерна блискост со националсоцијализмот”, како што стои во документ од раководството.

Заеднички демонстрации со десничарските екстремисти и неонацистите: Бјорн Хеке на 1 септември 2018 година во Кемниц, Саксонија
Заеднички демонстрации со десничарските екстремисти и неонацистите: Бјорн Хеке на 1 септември 2018 година во Кемниц, СаксонијаФотографија: Kai Horstmann/imago images

Хеке ги отфрли обвинувањата, но се противеше да даде заверена нотарска изјава. Во 2017 година АфД безуспешно бараше исклучување на Хеке од партијата, но наместо тоа партијата се радикализираше во правецот кој го застапува Хеке, а неговите приврзаници влијаат на програмата на партијата.

Нацистичка идеологија во Германија долго беше табу-тема

По убиственото владеење на германските национал-социјалисти под самопрогласениот „фирер” Адолф Хитлер од 1933 до 1945, било каква форма на идеолошко или симболично приближување до националсоцијализмот во Германија се осудува. Нацистите се одговорни за Втората Светска Војна со едни од најдалекусежните последици во историјата, како и за убиството на шест милиони европски Евреи.

Денес АфД брои многу функционери кои паѓаат в очи заради идеолошката близина до националсоцијализмот, а Хеке може да се опише и како „фашист” затоа што таквата етикета се базире на „факти кои може да се проверат”, одлучи Управниот суд Мајнинген во 2019 година.

Токму тој Бјерн Хеке би можел во Тирингија во септември 2024 година да биде избеан за прв десноекстремен покраински премиер во пост-воена Германија. Таквата функција има далекусежна политичка моќ - премиерот е одговорен за образовната и медиумска политика во покраината. Тој одлучува и за конкретната реализација на правото за азил на сојузно ниво. Тоа би можело со оглед на барањата на партијата за радикален пресврт во политиката за азил и доселување, да има особено тешки последици.

Демонстрации против екстремната десница: германскиот канцелар Олаф Шолц (трет од лево) и министерката за надворешни работи Аналена Баербок (трета од десно) на 14 јануари 2024 година
Демонстрации против екстремната десница: германскиот канцелар Олаф Шолц (трет од лево) и министерката за надворешни работи Аналена Баербок (трета од десно) на 14 јануари 2024 годинаФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Хеке: „Ќе се сопре борбата против десницата"

На средба на АфД во ноември минатата година Хеке најави далекусежни мерки доколку биде избран. „Ќе ја сопреме борбата против десницата!", им вети тој на приврзаниците и најави дека ќе постапи и против јавниот радиодифузен сервис. „Што ќе се случи ако Хеке стане премиер? Ќе ги раскине државните медиумски договори? Да, Хеке ќе го направи тоа”, извикуваше тој пред толпата. Заради критички извештаи за АфД, партијата со години бара укинѕвање или реструктурирање на јавниот радиодифузен сервис во Германија. Инспирирана од поранешниот претседател Трамп, АфД се потпира на т.н. „алтернативни медиуми” и своите политички претстави ги шири преку сопствени партиски канали на социјалните медиуми.

Колку е реалистично сценариото за десноекстремен премиер, скицираше реномираниот портал „Уставен блог” минатиот месец. Сѐ се врти околу навидум не многу звучната функција на претседател на покраинскиот парламент која традиционално ја добива партијата со најмногу гласови на покраинските избори. Тоа според анкетите во Тирингија е АфД, значи шансите се големи.

Шефот на Сојузната служба за заштита на Уставот, Томас Халденванг, предупредува од АфД: „Во оваа партија гледаме значителен број протагонисти кои постојано шират омраза кон малцинствата од секаков вид. (7.8.2023)
Шефот на Сојузната служба за заштита на Уставот, Томас Халденванг, предупредува од АфД: „Во оваа партија гледаме значителен број протагонисти кои постојано шират омраза кон малцинствата од секаков вид. (7.8.2023)Фотографија: Sebastian Rau/photothek/picture alliance

„Огромна штета за демократијата"

Порталот предупредува дека „штетата која авторитарно популистичка партија со помош на таафункција би можеладаја нанесе на демократијата во целост, е огромна”. Претседателот на парламентот го организира функционирањето на парламентарната работа. Но, „АфД не го споделува заедничкиот интерес на другите за функционален парламент”, се оценува во уставниот блог. „Таа живее од наративот декатреба да се сменат елитите и дека демократијата не функционира. Таа правото на власт не го базира на демократските процеси, туку се поистоветува со народот", се додававо анализата.

Пред сѐ, во Тирингија претседателот на парламентот би имал можност да назначи премиер дури и тој да не добие апсолутно мнозинство на гласовите. За тоа на третото гласање е доволно да има просто мнозинство.

Тоа би можело дасе спречи само со пикантна коалиција од конзервативните демохристијани (ЦДУ) и социјалистичката Левица, ако излезат со заеднички кандидат. Но, двете партии во Германија, а посебно во Тирингија се горки политички противници..